Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово денеска започна обуката на УЈП на тема „Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот”.
Педесетина сметководители и граѓани од Куманово присуствуваа на еднодневната обука во Центарот за култура.
„Посетителите ќе се стекнат со знаење преку практични примери за начинот на пријавување и одданочување на остварените приходи и даночните поволности. УЈП ќе продолжи со едукативните програми се со цел зголемување на свеста и едуцираноста на даночните обврзници за нивните права и обврски, - изјави Сузана Стошевска- Николовска, раководител во одделението на УЈП Куманово.
Обуката во Куманово е првата од вкупно 46 едукативни работни средби со граѓаните, кои ќе се реализираат и во други 36 општини низ Република Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk