Започна одбележувањето на Неделата на детето

07.10.2013 09:02 | KumanovoNews

 По повод Недела на детето, денеска ученици и дечиња од градинките беа на прием во Општината Куманово.

Започна одбележувањето на Неделата на детето

Најмалите се сретнаа со секретарот на Општина Куманово, Валентина Алексовска на која и подарија цвеќе, цртеж, книга “Борете се за вашите права“ и беџ за Недела на детето. Со желби за среќно детство таа им ја честиташе Недела на детето.

Децата се наша иднина, ние вложуваме за децата. Децата имаат право да живеат во хумано општество. Бидете добри, учете, спортувајте, сакајте ги родителите, пријателите. Општеството е поубаво кога се почитуваме. Градоначалникот вложува во инфраструктурата, во училиштата за да имате каде да играте со другарчињата - изјави Алексовска.

Мотото на Недела на детето е “Сите сме едно, а растеме заедно“. Од Здружението за грижи и воспитување на децата Куманово објаснуваат дека посетата ја прават за да децата видат каде и со кого работи градоначалникот.

Во четврток е последен работен ден од оваа работна недела и последен ден од детска недела и во сите училишта секое дете прваче ќе добие беџ. Децата од детските градинки ќе ги посетат училиштата бидејќи од идната година ќе седнат во училишните клупи. - вели Виолета Стошевска, претседател на Здружение за грижи и воспитување на децата.

Недела на детето трае од 7 до 13 октомври.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk