Започна поставувањето на монтажната болница во Куманово

30.12.2020 11:52 | KumanovoNews

 Започна поставувањето на монтажната ковид болница во Куманово, која ќе биде со капацитет од околу четириесетина легла.

Започна поставувањето на монтажната болница во Куманово

Болница ќе го зголеми капацитетот за прием на пациенти.

Инвестицискиот дел ќе го покрие државата, односно Министерството за здравство, а теренот го подготви Општината.

„Општината учествува со градежни зафати за расчистување и подготовка на теренот, уривање на старите објекти, инсталација на дотур на вода, приклучок на фекален колектор и гасификација“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

Здравствените власти е постават 16 монтажни болници низ градовите во државата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk