Започна пријавувањето за ликовната изложба „САМОУКИ“

07.05.2018 13:08 | KumanovoNews

Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово и годинава ќе ја организира традиционалната ликовна изложба “САМОУКИ“.

Започна пријавувањето за ликовната изложба „САМОУКИ“

Организаторите  ги повикуваа сите неакадемски уметници од Куманово да  земат учество и да конкурираат со три дела по сопствен избор.

„Рокот за пријавување трае до крајот на месецот. Селекција на сите пристигнати дела ќе ја направи стручна комисија и во рок од три дена ќе ги извести учесниците.  Изложбата ќе биде отворена на 14.јуни годинава“, - соопштуваат од Центарот за култура.

Сите заинтересирани можат да добикат повеќе информации на телефон 031 415 099.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk