Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од вчера почна да функционира проектот „Сејф сити“, кој преку камерите поставени по сообраќајниците автоматски ќе регистрира сообраќајни прекршоци и ќе ги казнува прекршителите.
Во првата фаза системот ќе регистрира: брзо возење, минување на црвено светло, истечена важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Во следната фаза е предвидено проширување на спектарот на прекршоци.
Кога системот ќе биде во целосно пуштен во употреба сопствениците на возилата за кои е утврден прекршок ќе добиваат СМС порака и е-пошта со линк за преземање записник со платен налог. Прекршоците ќе можат да се платат електронски, а при навремено плаќање нема да се наплаќаат дополнителни трошоци. За одредени прекршоци за кои е пропишана и мерка забрана за управување со возило, МВР ќе поднесува барање за поведување постапка до надлежен суд.
„Во првите 12 часа од пробното функционирање на системот вчера беа регистрирани неверојатни 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло 2.800 и нерегистриран автомобил 1.000. Оваа алармантна бројка уште еднаш ја потврдува неопходноста и оправданоста на системот, од кој очекуваме значително подобрување на сообраќајната култура, зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот и намалување на штетите и жртвите на патиштата“, кажа министерот Панче Тошковски.
Во декември возачите ќе добиваат само предупредувања, без изрекување казни. Од јануари системот влегува во целосна примена.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk