Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започна проектот “Летна инклузивна школа“, во рамки на кој десет тренери ќе работат со лицата со посебни потреби и ќе им помогнат во нивното осамостојување и совладување на вештини.
Со оваа категорија луѓе ќе работат тренери по физичко воспитување, физиотерапевт, тренери за домаќинство, за занаетчиство, еден тренер за драмски и еден за културно - уметнички активности. Проектот ќе се реализира во просториите на основното училиште “11 октомври“.
- Ќе им помогнат во нивното осамостојување, во извршување на секојдневните обврски на лицата со попреченост. Преку овие активности децата ќе имаат допир со инструменти, тапани, хармоника, гитара, клавир. Ќе учествуваат во драмски, спортско - рекреативни активности и многу е важно да се каже дека сите овие активности се со тераписка функција - вели Фросина Трајковска, општински координатор на проектот.
Неколку просветни работници досега се пријавиле за да волонтираат во проектот.
“Инклузивна летна школа“ се реализира со финансиска поддршка од УНДП.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk