Започна проектот “Куманово град пријател на животните“

17.02.2015 10:29 | KumanovoNews

Здружението за заштита на животните “Надеж за дом“ од Куманово и Ветеринарно центар, започнаа со реализација на проектот “Куманово град пријател на животните“.

Започна проектот “Куманово град пријател на животните“

Целта на проектот е на хуман начин да се реши проблемот со бездомните животни во градот, за што ќе помогнат членовите на Здружението и љубителите на животни.

“Проектот ќе се одвива во неколку фази и тоа заловување на кучиња и мачиња и стерилизација, кастрација, вакцинација и враќање во средината од каде се заловени. Ќе има серија на предавања во основните и средни училишта во урбани и рурални средини, за да се подигне свеста за благосостојбата на животните. Ресоцијализација на кучиња и мачиња со цел нивно вдомување. Со оваа благородна мисија сакаме да докажеме дека Куманово е град пријател на животните“ - велат од Здружението “Надеж за дом“.

Сите кои сакаат да се вклучат во проектот можат да ги контактираат на фејсбук страната на Здружението за заштита на животните “Надеж за дом“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk