Започна Рамазанскиот пост, светиот месец за муслиманите

18.06.2015 13:55 | KumanovoNews

Светиот месец за муслиманите Рамазан, започна денеска.

Започна Рамазанскиот пост, светиот месец за муслиманите

За време на постот верниците не јадат и не пијат вода од изгрејсонце до зајдисонце. Воздржувањето од храна и вода е симбол на споделувањето, каењето и проштевањето и трае до крајот на денот, кога оџата ги кани верниците на вечерата ифтар, во џамиите кои работат по цели ноќи.

Традицијата вели дека тоа е месецот во кој бил откриен Куранот пред пророкот Мухамед. Крајот на едномесечниот пост се прославува со празникот Рамазан Бајрам, кога семејствата се собираат на празнична вечера на која има  супа, баклава, урми и друго.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk