Започна расчистувањето на улиците по вчерашното невреме

19.08.2024 09:06 | Оливера Пешевска

На булеварите 3 МУБ и Окотмвриска револуција, улицата Пиринска и други локации во градот интервентните екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ вчера започнаа со расчистување и санирање на последиците од невремето што го зафати Куманово во попладнево.

Започна расчистувањето на улиците по вчерашното невреме

Обилните врнежи, силниот ветер и град предизвикаа оштетувања на инфраструктурата, поплави и паднати дрвја. Работејќи на отстранување на паднатите дрвја, чистење на затнатите канали и санирање на оштетените објекти, преку мобилизација на сите расположливи ресурси, се настојува да се воспостави нормално функционирање во најкраток можен рок“, соопштуваат од јавното комунално претпријатие.

Вчера Куманово беше зафатено со невреме со пороен дожд, силни електрични празнења и ветер, па има пријави за поплавени улици, откорнати дрвја и пад на покрив од стамбена зграда.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk