Започна реконструцијата на Драгомански мост

18.09.2010 06:51 | KumanovoNews

 Мостот беше оштетен за време на поплавите во мај годинава, по што беше забранет за сообраќај.

Започна реконструцијата на Драгомански мост

 Вчера започна реконструкција на мост кај селото Драгоманце на  регионалниот пат Драгоманце - Арбанашко. Со Решение од државниот инспектор за патен сообраќај, мостот е затворен за движење на моторни возила, поради големите оштетувања на носачите.

 Од Општината Старо Нагоричане се надеваат дека во најбрз можен временски рок, санацијата и реконструкцијата ќе биде завршена.Сретства за поправка на мостот се обезбедени од Владата.

Работите ги изведува ЈП „Македонија Пат„ - Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk