Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стартуваше проектот за изградба и реконструкција на 27 километри канализациона мрежа во градот.
Проектот чини 4,2 милиони евра, а сретствата се обезбедени од ИПА програмата. Во моментот градежните работи се изведуваат кај гимназијата „Гоце Делчев„, во „Тоде Мендол“ и во селото Режановце, за 20-тина дена ќе отпочнат работите и во Гладно поље.
„Се наоѓаме на улиците „Перо Чичо“, „Перо Шварц“ и „Среќко Пужаљка„. Овде имаме стара канализација и нарушена патната инфраструктура поради што луѓето имаат сериозни проблеми. Откако ќе се постави новата канализација ќе започнеме со асфалтирање на улиците. Се надеваме дека овој дел околу гимназијата ќе се заврши до средината на септемри, а целиот проект за 1,5 година, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Со завршување на проектот, надлежните сметаат дека ќе се решат проблемите со над 20 проценти од вкупната мрежа на канализациониот систем во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk