Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започна реконструкцијата на Занаетчискиот дом во Куманово, еден од најстарите и најрепрезентативен објекти во градот.
Со 17,5 милиони денари, сретства обезбедени преку проект на Центарот за развој на севериосточниот плански регион, проектот предвидува целосна реконструкција и уредување на внатрешната површина од 650 метри квадратни, која опфаќа приземје и три ката.
„ Обезбедени се 17,5 милиони денари од кои 7 милиони се од буџетот на Општина Куманово, а 12,5 милиони од североисточниот плански регион. Со реконструкцијата ќе добиеме мулифункционален простор, современ сити хол со голема свечена сала и галерија за мултимедијална презентација, протоколарни приеми на делегации, мали концерти, трибини и состаноци. Ќе има и неколку канцеларии за подршка на активностите на локалната самоуправа. Оваа културна установа нема само значење за градот, туку и за регионот, -изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Зградата е во сопственост на општината Куманово. Во соработка со Заводот за конзервација и реставрација, фасадата на зградата ќе остане од оргиналниот проект, ќе се сменат вратите и прозорците, ќе се постави осветлување, но притоа максимално ќе се задржи автентичниот изглед на објектот.
Реконструкцијата треба да заврши на почетокот на ноември и свечено да биде пуштена во употреба за Денот на градот.
Занатскиот дом е препознатлив белег на Куманово по својата архитектура и место положба, но со години наназад беше запуштен и руиниран. Тој е еден од ретките сочувани објекти кој го покажува урбаното живеење во градот. Изграден е 1930 година на иницијатива на кумановските занаетчии, а проектот го изработил рускиот инжинер, Владимир Антонов. Занаетчискиот дом се смета за едно од неговите најубави остварувања, а кумановци го нарекуваат кумановски „Нотр Дам“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk