Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започна со работа ново локално радио во градот.
Радио Бум, се емитува на фреквенција од 104,2 мегахерци, која до неодамна ја користеше поранешното Музичко радио.
На програмата на нашето радио ќе се пушта исклучиво македонска музика и забавна музика од поранешна Југославија. Ќе имаме утринска, пладневна и вечерна програма со отворено студио, како и информативна редакција која што ќе подготвува вести за случувањата во општината и регионот. Радиото посебно ќе отстапи простор на младите луѓе и нивните идеи, а ќе бидеме отворени за соработка и промоција на локалните музички групи и пејачи- вели Сузана Андоновиќ, уредничка во радиото.
Просториите на радиото се наоѓаат на третиот кат во зградата на поранешен Комитет.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk