Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По пауза од 3,5 месеци, повторно започна со работа затворениот градски базен во Куманово.
Од ЈП „Чистота и зеленило“, кое менаџира со базенот информира дека тој ќе работи секој ден од 7 до 22 часот, од понеделник до сабота.
Базенот беше затворен на средината на јануари поради енергетска криза, односно енормното зголемување на цените на електричната енергија и природниот гас, кои беа превисоки за буџетот на претпријатието.
Тогаш беше најавено дека паузата ќе се искористи за сервисирање на постоечката опрема и одредени градежни работи.
Поради дефекти, минатата година цело лето не беше во функција отворениот базен.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk