Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во просториите на општината Куманово од 5 мај започна со работа Општинската изборна комисија.
Претседател е Ненад Саздовски (30), вработен во Државниот архив. Од комисијата велат дека деновиве интензивно работат на подготовки за изборите.
„Ги повикуваме претседателите на избирачките одбори да достават списоци од членовите на избирачките места, кои треба да бидат подготвени ако има избори на 5 јуни.Оние кои не се во можност повеќе да ги вршат претседателските функции, дали поради пензионирање или болест, бараме од ДИК нивна замена“, - велат од комисијата.
Општинската изборна комисија е 6 члена. Тие се жалат дека од општината покрај канцеларија и телефон, не им обезбедиле други технички услови за работа, како што се компјутер, печатач, хартија и др.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk