Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановецот Звонимир Николовски, вработен во Управата за заштита на културното наследство во Скопје, претседател е на Општинската изборна комисија во Куманово.
Општинската изборна комисија е целосно комплетирана и веќе цела недела работи на формирање на избирачките одбори, по случаен избор од ДИК.
„На 167 избирачки места во општина Куманово, избрани се нови членови во избирачки одбори, вработени во државната и јавна администрација. Пратени се дописи до сите институции да ги известат своите вработени за обврската што ја имаат. Истовремено апелираме до членовите да проверат дали ги има на списокот, на телефон 031/475-822“, - велат од ОИК.
Општинската изборна комисија е сместена во салата за венчавки во Општинската зграда и брои 9 члена.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk