Започна со работа вториот ковид центар во Кумановската болница

02.11.2020 13:48 | KumanovoNews

Одделенијата за неврологија и психијатрија во Општата болница Куманово се преадаптирани за прием на пациенти заболени од ковид-19.

Започна со работа вториот ковид центар во Кумановската болница

 Новиот ковид центар се отвора бидејќи инфективното одделение не може да ги задоволи потребите од Североисточниот регион, па пациенти се препраќаа на лекување во Скопје. На новиот оддел вчера е сместен еден пациент, а денеска до пладне уште три среднотешки и полесни случаи.

Директорката на Општата болница Куманово, Снежана Захариева, вели дека на новото одделение се обезбедени дополнителни 23 кревети, а вкупниот капацитет на двата ковид центри е околу педесетина легла.

„Интенцијата ни е да се намали оптоварувањето на инфективниот одделение, каде сите соби се полни и да се растерети интерниот оддел, во кој досега се праќаа сомнителните случаи, па се доведувавме во ситуација да се зарази тој простор. Сега одделението за интерна медицина ќе биде чисто, а овде ќе се сместуваат позитивни пациенти или они коишто чекаат резултати од брис, но се за хоспитализација. Сите интернисти ќе стават во служба на овој центар и ќе дежураат со општ доктор од Ургентен центар“, - изјави Захариева.

Пациентие од психијатрија ќе бидат префрлени во Центарот за зависности, додека невролошките во стариот Ургентен центар.

Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане вкупно има 2335 заразени, активни се 461 и 89 починати.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk