Започна вакцинацијата со поливалентни вакцини пентаксим

16.09.2015 14:29 | KumanovoNews

Во одделот за вакцинација при Здравствен дом Куманово, од вчера започна вакцинацијата со поливалентни вакцини пентаксим.

Започна вакцинацијата со поливалентни вакцини пентаксим

Овие вакцини штитат од повеќе болести и тоа дифтерија, тетанус, полиомиелитис и хип. За Куманово добиени се 1000 дози, а вакцината е задолжителна од календарот за вакцинација.

Оваа вакцина долго време се очекуваше, затоа што со еден убод се дава можност децата да се заштитат од повеќе заразни болести. Вакцината е  ефикасна, комбинирана, се намалува бројот на убоди. Децата си имаа закажано за поединечно давање, а сега се почнува со комбинирана вакцина. Родителите многу сакаат децата да ја примат оваа вакцина, ја очекуваа - вели Марина Тодоровска, лекар во одделот за вакцинација.

Родителите се информирани дека дози од оваа вакцина се пристигнати и ги носат децата на вакцинација.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk