Започна вакцинацијата со „Синовак“

30.06.2021 11:10 | KumanovoNews

Од денеска во вакциналните пунктови низ државата започна да се аплицира вакцината на кинескиот производител „Синовак“, откако истата ги помина сите потребни законски процедури.

Започна вакцинацијата со „Синовак“

Вакцинацијата со „Синовак“ се одвива скоро во цела држава, освен во Скопје и Битола, каде имунизацијата со оваа вакцина ќе започне од утре.

„Станува збор за класична вакцина каде е инјектиран ослабен вирус, односно технологија за добивање вакцини која се користи со децении и е многу позната. Оттука и разбирливо е што широката популација ја доживува како една од најбезбедните платформи за производство на вакцини“, посочуваат од Министерството за здравство.

Во однос на возраста на којашто се дава, вакцината „Синовак“ нема ограничување во Кина и се аплицира и кај деца над 3 годишна возраст.

Оваа вакцина кај нас ќе се користи над 18 години и без ограничување на возраста кај возрасните лица. Вакцината „Синовак“ се препорачува и за доилки и трудници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk