Започнаа уписите во КУД „Панче Пешев“

09.09.2015 12:18 | KumanovoNews

Во културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ уписите на нови членови траат до 22 септември.

Започнаа уписите во КУД „Панче Пешев“

Друштвото врши уписи за: фолклорна – играорна секција, народен оркестар – хармоника, кларинет, виолина, флејта, саксофон, изворен оркестар – гајда, кавал, тамбура, гусла, зурла, тапан и вокални солисти. Заинтересираните можат да се пријавуваат на улица “Кирил и Методиј“ бб во гимназиски двор секој работен ден од 18 до 20 часот, или на мејл [email protected], а аудицијата ќе биде на 22 септември од 11 до 14 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk