Започнува ликовната колонија “Куманово“

17.08.2015 09:47 | KumanovoNews

Во комплексот во Пелинце утре започнува 41-та по ред ликовна колонија “Куманово“, која ја организираат општина Куманово и Музеј Куманово.

Започнува ликовната колонија “Куманово“

Тринаесетина ликовни уметници од Македонија, Романија, Србија, Бугарија до 28 август ќе творат во Пелинце.

“Делата по завршувањето на колонијата јавно ќе бидат изложени. Ќе ги ставиме во просториите на општината или во некои јавни установи. Од продукцијата која ќе биде создадена прво ќе ги изложиме, а потоа ќе бидат во одредени службени простории и нема да стојат во депо“- вели Жика Крстевски, раководител на сектор за образование во општина  Куманово.

Класично отварање на колонијата нема да има, туку во текот на наредните денови претставници од општината ќе ги посетат уметниците во комплексот каде творат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk