Започнува ликовната колонија „Куманово 2017“

14.08.2017 07:43 | KumanovoNews

Од утре до 22 август во Меморијалниот центар АСНОМ – Пелинце, ќе се одржи 43. по ред ликовна колонија „Куманово 2017„.

Започнува ликовната колонија „Куманово 2017“

Учество ќе земат 19 ликовни уметници од земјава и странство: Драган Дејановиќ, Мирко Стокиќ, Ирина Черњавски Шантриќ, Ивана Маркез Филиповиќ од Србија, Костин Братеан и Шарлот Гитард од Романија, Душка – Франција, Андријана Мачиев, Новица Трајковски, Тони Чатлески, Милош Милосављевиќ, Марина Цветановска Мартиновска, Далибор Тренчевски, Кристина Хаџиева, Кристина Божурска и Синиша Кашавелски од Македонија.

  „Уметниците ќе работат во класичните техники на ликовно изразување, главно сликарство и скулптура.Во текот на седумдневниот престој уметниците ќе имаат можност да ја посетат мегалитската опсерваторија Кокино, како и да ги посетат културно-историските содржини во градот и околината. За време на нивниот престој е предвидена и изложба на дела од минатогодишната продукција на колонијата, која ќе се одржи во Дом на култура “Кочо Рацин” во Скопје“, - соопштуваат организаторите од Кумановскиот музеј.

Новосоздадените дела ќе бидат изложени на 22 август на денот на завршување на колонијата.

Колонијата ја организира НУ Музеј – Куманово и Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk