Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во комплексот „Етно село“ утре започнува Меѓународната ликовна колонија „Куманово 2025“.
Оваа година учество ќе земат 11 автори од Србија, Романија, Бугарија и Македонија.
Cвоето присуство го потврдиле: Вангел Коџоман, Филип Јовески, Вангел Крстиновски и Далибор Крстевски од Македонија, Светозар Тасиќ, Ксенија Бариќ и Весна Петровиќ од Србија, Костин Британи и Александра Бациу од Романија, и Дарина Дочева и Тома Тодоров од Бугарија.
„Уметниците, традиционално ќе работат сликарство, дела на платно во повеќе ликовни техники (масло, акрил, комбинирана). За време на нивниот престој ќе ги посетат културно-историските споменици во Куманово и околината“, соопшти организаторот.
Колонијата ќе заврши со изложба на создадената продукција на 11 август.
Колонијата ја организира Музеј-Куманово, под покровителство на Министерството за култура и туризам и Општина Куманово.
Ликовната колонија „Куманово“ е една од најстарите во државата, основана е во 1974 година, минатата година одбележа голем јубилеј-50 години постоење.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk