Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мултимедијалното здружение „Карпино“ денеска во кумановската населба Карпош ја отвори 15. Меѓународна ликовна колонија „Карпино“, на која учествуваат 20 уметници од Полска, Романија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија и од Македонија.
Колонијата ќе трае осум дена, а уметниците ќе го посетат и манастирскиот коплекс Карпино каде што ќе можат да се инспирираат од древната убавина на манастирот.
На изложбата уметниците ќе творат во класични техники, акрил и масло на платно. Колонијата ќе биде отворена и за јавноста, така што заинтересираните ќе може да ги посетат уметниците додека творат, соопштија организаторите.
Уметниците ќе ја посетат и црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане, Меморијалниот центар АСНОМ каде исто така ќе се инспирираат, изјави Зоран Павловски, претседател на здружението.
Годинава се очекува плодна продукција од 40-тина дела, кои ќе бидат распределени по институциите во градот.
И на оваа колонија учествуваат млади уметници од прва и втора година на факултетот, така што настојуваме да ги поврземе младите и поискусните уметници, со што се овозможува размена на искуство, на техники, култури, додава Павловски.
Уметничкиот директор на колонијата Валентина Илиевска изјави дека покрај сликањето, предвидено е да се одржат поетски вечери, театарски претстави, настапи на музичари. Во колонијата се вклучува и Фото кино клуб „Козјак“ со изложба на фотографии. Колонијата ќе трае до 13 јули, а создадените дела ќе бидат изложени пред кумановската јавност, а потоа низ градовите во Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk