Започнува првата фаза од реконструкцијата на „Моша Пијаде“

14.05.2025 10:26 | Оливера Пешевска

Започнува првата фаза од реконструкцијата на улицата „Моша Пијаде“ од Куманово, во која ќе се работи на замена на водоводната и фекално- канализациската мрежа.

Започнува првата фаза од реконструкцијата на „Моша Пијаде“

Во раните утрински часови се уште не беше воведен времен режим на сообраќај, а присутните работници, ангажирани од изведувачот, не знаеја дали улицата ќе се затвори за сообраќај, или тој ќе се одвива по една лента.

„Постоечката водоводно- канализациска мрежа е постара од 50 години, па затоа е императив да биде заменета. Ќе се работи и на останатата подземна инфраструктура, договорот предвидува дека 10 години по завршување на проектот и ставање во употреба не смее ништо да се работи на таа улица“, информираат од Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции.

Проектот е на Министерството за транспорт и врски и Светската банка, во соработка со локалната самоуправа.

Надлежните најавуваат дека по завршување на сите активности Куманово ќе добие модерна, современа улица, со комплетно урбано уредување по мера на граѓаните.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk