Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за ран детски развој „Сонце“, кој се наоѓа во подрачното училиштето „Христијан Карпош“, во населбата „Иго Тричковиќ, од вторник (12 октомври) ќе започне со работа. Веќе е формирана една група од 18 деца, а доколку постои интерес од родителите ќе се отвори уште една група. Капацитетот на центарот е 50 дечиња.
„По барање на група родители од населбата Иго Тричковиќ, Центарот за ран детски развој „Сонце“ од вторник започнува со работа. Засега се запишани 18 деца и има уште слободни места. Престојот на децата е бесплатен и родителите немаат обврска да плаќаат паричен надомест. Ги покануваме сите родители кои имаат интерес да дојдат во управата на нашата установа „Ангел Шајче“, да поднесат барање и да ги запишат децата“, изјави директорката на градинката, Марина Алексовска.
Таа вели дека се создадени сите потребни услови за безбеден престој на децата во центарот и ќе се почитуваат сите протолоки кои ги налага министертсвото за заштита од коронавирус.
Двата центри за ран детски развој „Сонце“ во ПОУ „Христијан Карпош“ и „Бамби“ во ОУ 11 „Октомври“, беа затворени минатата година поради коронакризата.
Во центарот „Бамби“ се планира да се претвори во целодневен престој за деца до 6-годишна возраст, бидејќи се наоѓа во близина на градинката „Синоличка“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk