Започнува со работа лизгалиштето на мраз кај градските базени

17.01.2020 14:49 | KumanovoNews

Од утре (18.01) од 16.00 часот ќе започне со работа монтажното лизгалиште пред затворениот градски базен.

Започнува со работа лизгалиштето на мраз кај градските базени

- Граѓаните можат да го користат секој ден од 09.00  до 21.00 часот, а  лизгалките  се земаат на билетарата на Градскиот базен. Влезот е слободен, - соопштуваат од Општината.

Проектот за монтажни спортски лизгалишта се реализира преку Агенцијата за млади и спорт, а со него ќе стопанисува Општина Куманово во наредните 2 месеци.

Куманово имаше спортско лизгалиште во 2012 и 2013 година, Општината го изнајмуваше од српска фирма.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk