Започнува вакцинација на деца со шестовалентна вакцина

04.08.2015 09:10 | KumanovoNews

Од денеска започнува вакцинација на бебиња со шестовалентна вакцина, обезбедена од Министерството за здравство.

Започнува вакцинација на деца со шестовалентна вакцина

Вакцинацијата ќе се врши на двата пункта во Здравствен дом Куманово и во амбуланта во Тоде Мендол. Вакцината спречува повеќе болести, со што се овозможува со еден убод детето да биде заштитено, а бенефит за родителот е тоа што нема да отсуствува од работа и да доаѓа неколку пати на вакцинација.

“Сега се започнува со давање на оваа поливалентна вакцина. Значи повеќе антигени во една вакцина. Набавена е шестовалентна вакцина која штити од дифтерија, тетанус, црна кашлица, хепатит б, хемофилус инфлуенца б и од детска парализа. Сега имаме шест типа на вакцини во една вакцина. Со ова тимовите за вакцинација се запознаени и педијатрите, беа на едукација и веќе започнуваат со давање на оваа вакцина, која што дава помалку очекувани несакани реакции, вметната е во календарот“- изјави Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.

Во септември се очекува да биде набавена петовалентна вакцина за вакцинација на деца.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk