Запуштени спортските терени во Гоце Делчев

19.02.2016 10:51 | KumanovoNews

Голем дел од спортските терени и објекти во Куманово се распаднати. Една од причините е нередовното одржување, а другата е несовесното однесување на дел од граѓани.

Запуштени спортските терени во Гоце Делчев

Во очајна состојба се наоѓа и игралиштетто во населбата Гоце Делчев, попознато како Кошеви. Спортските терени не се обележано, сигурносната мрежа е искината а клупите се скршени. Граѓаните кои живеат во околните згради велат дека  надлежните од локалната самоуправа треба да се погрижат да се врати стариот сјај на спотрскиот комплекс.

Ова се единствени терени за рекреација во оваа населба и треба да постојано да се одржуваат. Има многу деца во населбата и кога е убаво времето сите доаѓаат тука да играат. Но каква е состојбата на спортските реквизити можат само да се повредат„, - велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Граѓаните истовремено апелираат до своите сограѓани да ја чуваат урбаната и спортската опрема бидејќи таа е во функција на сите.

Од Секторот за култура и спорт во општина Куманово изјавија дека санација на спортската опрема и терените ќе се врши напролет откако граѓаните ќе пријават дека тие се уништени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk