Жарко Милошевски избран за извршен секретар на Социјалистичка партија на Македонија

09.02.2021 09:30 | KumanovoNews

Претседателот на општинската организација на Социјалистичка партија на Македонија(СПМ) во Куманово е избран за извршен секретар на седницата на републичкиот одбор.

Жарко Милошевски избран за извршен секретар на Социјалистичка партија на Македонија

„На денешната седница на републички одбор, на предлог на претседателот избран сум за извршен секретар на партијата. Благодарност до претседателот и членовите за укажаната доверба. Довербата е голема, но обврската е уште поголема“, - изјави Милошевски.

Претседател на СПМ е Љупчо Димовски, а за потпретседатели избрани се Јован Пејковски, Никола Коњановски и Васе Анакиев, за генерален секретар Малиша Станковиќ, за извршни секретари Жарко Милошевски и Иван Митровски.

За членови на претседателството републичкиот одбор ги избра Игор Лазарев, Јовица Андовски, Јован Лукарев, Сашко Николоски, Гоце Јанкуловски, Тодор Николовски, Оливер Миланов, Александар Блажевски и Горан Михајловски.

Членови на претседателството се и Гордана Тошеска, претседател на Форум на жени и Марко Тренчевски, претседател на МСМ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk