Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработените од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска засадија 40 садници на Даштев рид, во чест на нивниот директор Роберт Павлевски кој викендов почина во сообраќајка.
Неговите колеги велат дека овие дрвца ќе бидат спомен за неговото прерано заминување, за ликот и делото на Павлевски.
Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ секоја година се вклучувa во акцијата Ден на дрвото, коај ја организира Влaдата на Република Македонија. Овој пат мислам дека е 6-ти по ред за нас, и е најтрагично, засадивме 40 дрвца во чест на загинатиот директор. Во чест на негово сеќавање - вели Горан Jакимовски, вработен во Центарот за култура.
Тој вели дека ова ќе им остане трaдиција, ќе засадуваат садници и ќе ги нeгуваат во чест на Павлевски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk