Засадни липи и јасени на три локации во градот

29.10.2019 12:47 | KumanovoNews

Стотина садници денеска се засадени на неколку локации во градот, се со цел да се разелени градот, како една од мерките за намалување на загаденоста на воздухот.

Засадни липи и јасени на три локации во градот

Во паркот кај Автобуската станица, на булеварот „Октомвриска револуција“ и на кејот на Кумановка, засадени се јасен, платан и липа.

„Таа динамика ќе продолжи и во наредниот период затоа што времето е идеално. Имаме план до крајот на годината да засадиме најмалку 500 вакви садници. Тука сакам да најавам дека следната година кога со новиот буџет за 2020 година ќе предложам на Советот, 5 проценти од вкупните инвестиции на капиталните инвестиции во градот да се наменат токму за озеленубање на градот, за уредување на градското зеленило во мали паркови  и дополнително засадување на нови садници каде што има можност“,- изјави градоначалникот Максим Димитриевски, кој денеска засади дрвца.

  Градоначалникот вети дека Куманово ќе добие примат на зелен град и најголем број од дрвајата кои се стари и садени пред 50 години а веќе се склонопадни ќе се обноват и заменат со нови.  

Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Даниел Стојчевски, објасни дека се засадени листопадни дрвја затоа што имаат поголема вредност и заштита на воздухот.

„Акцијата ќе продолжи и во централното градско подрачје, 10 нови садници ќе се насадат на улицата Гоце Делчев, каде што беа исечени две дрва заради проширување на автобуската постојка, - изјави Стојчевски.

Тој додаде дека досега се засадени околу 5000 дрвца во зелениот појас околу градските гробишта, на Спомен костурница и во поширокото централно подрачје, поради што апелираше до граѓаните да не ги уништуваат садниците.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk