Засилени контроли за исплатата на К-15 во фирмите

09.01.2019 11:03 | KumanovoNews

Државниот инспекторат за труд, прави засилени контроли во приватните фирми за исплата на К-15 на вработените.

Засилени контроли за исплатата на К-15 во фирмите

Надзорот кој што започна од почетокот на годината ќе се спроведува до крајот на февруари, а инспекторите ги посетуваат правните субјекти од сите дејности, вклучувајчи ги и фабриките за производство на текстил и чевли.  

Засилениот инспекциски надзор во областа на производство на текстил и чевли е од причини што најголем број на преставки  во изминатите години беа од работниците во наведените дејности.

Напоменуваме дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно Законот и Колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки согласно со Закон. При инспекцискиот надзор,  ќе се проверува  исплатата на регресот за годишен одмор (К-15), право коешто е утврдено со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор  за приватниот сектор  од областа на стопанството. Во Спогодбата е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, - стои во соопштението на Министереството за труд и социјална политика (МТСП).

Истовремено ги повикуваме работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот инспекторат за труд 15 131.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk