Заsвонил на врата па пукал во домаќините

05.02.2014 12:24 | KumanovoNews

Сопружници од Крива Паланка се тешко ранети во нивниот дом откако во нив со пиштол пукало непознато маскирано лице.

Заsвонил на врата па пукал во домаќините

 Нападот се случил синоќа во 21.30 часот во семејната куќа на С.К.(54) и С.К.(49) на улица “Христијан Тодоровски Карпош“. Максираното лице вооружено со пиштол заѕвонило на врата и откако мажот отворил, непознатиот почнал да пука. При тоа му нанел прострелна рана во градниот кош, а неговата сопруга ја ранил во пределот на стомакот.

Поради сериозноста на повредите брачниот пар од Здравствен дом Крива Паланка е пренесен во Ургентен центар во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk