Малолетници нарушиле јавен ред и мир во Куманово

07.07.2025 14:06 | KumanovoNews

На две локации во Куманово, викендов биле затекнати вкупно 92 малолетници кои конзумираат алкохол и наркотици, по што го нарушуваат јавниот ред и мир во градот. 

 

Малолетници нарушиле јавен ред и мир во Куманово

„Во текот на изминатиот викенд полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки со цел пронаоѓање на малолетни лица кои по 24.00 часот се собираат и го нарушуваат јавниот ред и мир, конзумираат алкохолни пијалоци и наркотични средства. Притоа, на две локации во Куманово биле затекнати 92 малолетници. Лицата биле предадени на нивните родители и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопшти СВР Куманово.

Полицијата интервенирала во Сколански парк и во населбата „Гоце Делчев“ по поплака на граѓани дека по полноќ се нарушува јавниот ред и мир од малолетни лица .
 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk