Затворање на угостителските објекти и полициски час од 20 часот, предлага Кризниот штаб

05.04.2021 10:22 | KumanovoNews

Затворање на кафеаните и кафулињата и полициски час од 20 часот, било предложено на денешната седница на Централниот кризен штаб.

Затворање на угостителските објекти и полициски час од 20 часот, предлага Кризниот штаб

Ваквата одлука, следува по зголемениот број на новозаразени и смртни случаи од ковид-19, како и преполнетоста на болничките капацитети и се очекува да биде изгласана на денешната седница на Владата.

Предлогот на Централниот кризен штаб е овие мерки да почнат да важат од утре.

 „Владата денеска во 13 часот преку видеоврска ќе одржи редовна седница на која членовите на Владата ќе разговараат за актуелната состојба, текот и прогресот на активностите во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирусот ковид-19“, соопштуваат од Владата.

За донесените одлуки и заклучоци од седницата јавноста ќе биде информирана на прес-конференција со почеток во 14 часот.

Прес-конференцијата ќе ја одржи претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот за здравство Илир Хасани и претседателот на Комисијата за заразни болести, прим. д-р Жарко Караџовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk