Затворен добиточниот пазар во Куманово

12.09.2014 10:57 | KumanovoNews

Добиточниот пазар во селото Долно Којнаре утре нема да работи и нема да се врши продажба на крупен и ситен добиток.

Затворен добиточниот пазар во Куманово

Причина за неговото затворање е појавата на болеста “син јазик“ од која заболуваат овци и кози. Болни животни се регистрирани во селата Аљинце, Гошинце и Живиње. Оваа болест на сточарите од источниот дел на земјата им предизвика големи штети со угинување на добитокот.

Од ЈП „Пазаришта„ велат дека сепак на пазарот ќе можат да се продаваат само прасиња и свињи, кои не заболуваат од болеста „син јазик„.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk