Затворен пунктот за масовна имунизација во Бедиње, вакцинацијата продолжува во „Уред“

04.10.2021 14:05 | Сузана Николиќ

Пунктот за масовна имунизација во спортската сала во населбата Бедиње повеќе нема да функционира. Вакцинацијата продолжува во Здравствениот дом, познат како „Уред“. 

Затворен пунктот за масовна имунизација во Бедиње, вакцинацијата продолжува во „Уред“

Граѓаните без термин можат да ја посетат установата и да се имунизираат. Во моментов располагаат со вакцините Фајзер и Астра Зенека.

„Процесот на имунизација во Здравствен дом Куманово се одвива непречено. Ги известуваме сите граѓани дека ја сменивме локацијата, па вакцинацијата ќе се одвива во просториите на Здравствениот дом, познат како „Уред“. Ќе работиме во две смени од 8 до 20 часот. Моментално се аплицира вакцината Фајзер и Астра Зенека за лицата над 60 години, но исто така се врши ревакцинација со вакцините Синовак, Астра Зенека и Фајзер. Досега во нашиот пункт се аплицирани над 80.000 вакцини. Започнавме со апликација на третата доза кај здравствени работници и лица над 60 години“- изјави д-р Монализа Мемети од Здравствен дом Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk