Затворен угостителски објект на „Октомвриска“ и покрај забраната имало „жива музика“

08.03.2021 12:36 | KumanovoNews

 Во СВР Куманово, вчера во 19.05 часот, било пријавено дека во угостителски објект на бул.„Октомвриска револуција“ има граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија.

Затворен угостителски објект на „Октомвриска“ и покрај забраната имало „жива музика“

Полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во објектот, сопственост на Н.Р. (58) од Куманово и констатирале дека во објектот имало „жива музика“ и биле затекнати четири лица-гости, еден вработен и тројца музичари, кои не одржувале дистанца и не носеле заштитна опрема. Со тоа биле прекршени мерките на Владата за спречување на ширењето на Ковид 19.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk