Затворен угостителски објект во Куманово, работел по дозволеното време

14.02.2021 20:23 | KumanovoNews

Во СВР Куманово вчера било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово не се почитувале здравствените прописи за време на епидемија.

Затворен угостителски објект во Куманово, работел по дозволеното време

Полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола и било констатирано дека објектот работи по дозволеното време, а во објектот биле затекнати 9 гости, сопственикот А.Т.(43) и еден вработен.

По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава, а од страна на Државниот пазарен инспектират објектот е затворен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk