Затворен угостителски објект во Липковско

10.03.2021 10:31 | KumanovoNews

Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 21.50 часот,  извршиле контрола во угостителски објект во с.Виштица, Општина Липково, сопственост на Р.И.(31) од село Виштица, при што било констатирано дека објектот работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и во него биле затекнати 18 лица-гости и сопственикот.

Затворен угостителски објект во Липковско

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик - „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Објектот е затворен од Државниот пазарен инспекторат.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk