Затворен угостителски објект во Никуштак

19.12.2020 18:27 | KumanovoNews

Полициски службеници од СВР Куманово, во координација со Државниот пазарен инспекторат, вчера во периодот од 17.30 до 20 часот извршиле контрола на 36 угостителски објекти на териториите на општините Куманово и Липково, во врска со почитување на одлуките на Владата за работното време, како и држење на дистанца, точење алкохол на малолетници и други прекршоци.

Затворен угостителски објект во Никуштак

При извршената контрола во 17.30 часот, во угостителски објект во с.Никуштак, општина Липково, сопственост на А.Р.(29) од с.Никуштак, на една маса биле затекнати повеќе лица од дозволеното, односно од страна на угостителот не е почитуван протоколот од Уредбата на Владата за спречување на ширењето на Ковид 19. Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил привремено затворен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk