Затворена дел од „Никола Тесла“, граѓаните заобиколуваат пола град за да стигнат дома

22.06.2018 11:01 | KumanovoNews

Приморани сме да ги користиме алтернативните патишта преку населбата Карпош и автопатот Куманово-Табановце за да се вклучиме кај т.н. „НАТО клучка“, каде правиме голем сообраќаен прекршок, поради кој некој може да настрада и да го чини живот, велат граѓаните и бараат помош од Општината.

Затворена дел од „Никола Тесла“, граѓаните заобиколуваат пола град за да стигнат дома

Од завчера за сообраќај е затворена дел од улицата „Никола Тесла“, поради реконструкција на железничкиот мост на пругата Куманово-Бељаковце.  

Граѓаните кои живеат во делот на градот зад мостот, селата Долно и Горно Којнаре,  Речица, како и липковските села Лојане и Вакцинце, се жалат дека поради градежните работи останале без најкратката сообраќајна врска до нивните домови, а никој не ги известил за тоа.

 „Приморани сме да ги користиме алтернативните патишта преку населбата Карпош и автопатот Куманово-Табановце за да се вклучиме кај т.н. „НАТО клучка“, при што правиме голем сообраќаен прекршок, поради кој некој може да настрада и да го чини живот. Слушнавме од работниците градежните работи ќе трајат 3 месеци, но никој не излезе со официјална информација. Ако треба толку долго да заобиколуваме, тешко на нас и на нашиот буџет. Бараме изведувачот да обезбеди минимални услови за да можеме да поминуваме со автомобили по една лента, бидејќи во спротивно имаме голем прблем, - се жалат граѓаните.

Од Општина Куманово велат дека тие се известени дека е запрен сообраќајот на улицата, но тврдат дека тие немаат надлежност да интервенираат. Известувањето до медумите и граѓаните треба да го испрати фирмата која ги извршува градежните работи.

(фото.Филип Ѓошевски)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk