Затворена дел од улицата „ЈНА“ се поставува атмосферска канализација

19.04.2018 17:05 | KumanovoNews

 Од утре до понеделник, ќе се пренасочува сообраќајот на дел од улицата „ЈНА“ поради поставување на атмосферска канализација.

Затворена дел од улицата „ЈНА“ се поставува атмосферска канализација

Во соопштението од Општина Куманово се наведува дека во период од петок (20.04.2018 ) до понеделник (30.04.2018), поради извршување на работите за атмосферска канализација на дел од улица „ЈНА“, од поранешна фабрика „ЧИК“, од улиците „11 Октомври“, „Страшо Арсов“ и „Србо Томовиќ“ ќе има пренасочување на сообраќајот на улицата „Србо Томовиќ“ од раскрницата со улица „Страшко Арсов“ до раскрсницата со улица „Боро Прцан“.

Сообраќајот ќе се одвива по улиците „Страшко Арсов“ и „Боро Прцан“ помеѓу наведените раскрсници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk