Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во ресторан „Грација“ синоќа беше затворена 13-та по ред Меѓународна ликовна колонија „Карпино“, која ја организираат Мултимедијалниот центар „Карпино“ со поддршка на локалната самоуправа и Советот на општина Куманово.
Уметниците од нашата земја, Бугарија, Србија, БИХ и Украина создадоа 35 дела во текот на колонијата која започна на 2 септември.
Делата првин ќе бидат презентирани пред кумановската публика на изложба која се реализира во чест на Деновите на градот, а потоа ќе биде поставена во галериите во другите градови од државата - изјави Зоран Павловски, претседател на Мултимедијален центар „Карпино“.
Додека траеше колонијата дел од творците создаваа дела инспирирани од манастирот Карпино, кој се наоѓа во општина Старо Нагоричане. Задоволни се од престојот во Куманово и за нив ваквите настани се можност за размена на искуства. Уметничкиот раководител на колонијата, Мирослав Величковски вели дека учесниците твореле во класични и комбинирани техники, а делата ќе ги красат установите во градот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk