Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Забранета е работата на добиточниот пазар и пазарот за стари работи во селото Долно Којнаре.
Од ЈП „Пазаришта“ информираат дека тие постапуваат по насоките и одлуките на државните и локалните институции, кои преземаат мерки за заштита од коронавирусот.
- Забрана за работа на добиточниот пазар донесе Агенцијата за храна и ветеринарство, додека пазарот за стари работи е затворен врз основа на заклучок донесен од Општинскиот штаб за заштита и спасување, а согласно барањето на Општината, - соопштуваат од претпријатието.
Зелениот пазар, реонското пазарче и ЈП „Пазаришта“ ќе работи со скратено работно време од 8 до 14 часот.
- Упатуваме апел до закупците на тезгите, како и до сите граѓани да ги почитуваат препораките и одлуките на Владата со цел да се намалат ризиците и да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, - апелираат од ЈП „Пазариште“.
Предходните денови извршена е дезинфекција на објектите и деловниот простор со кој стопанисува претпријатието.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk