Затворени за сообраќај улиците кај гимназијата

16.11.2016 12:37 | KumanovoNews

Поради имплементација на ИПА – проектот „Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во Општина Куманово“,  денеска продолжуваат градежните работи на ул.„Кирил и Методиј“, на крстосница со ул.„Перо Чичо“.

Затворени за сообраќај улиците кај гимназијата

Поради тоа сообраќајот на ул.„Кирил и Методиј“ нема да се одвива на крстосницата на ул.„Народна Револуција“ и ул.„Миле Кипра“. Следниот ден, поточно од 17.11.2016 г. (четврток) сообраќајот на ул.„Кирил и Методиј“ ќе биде вратен во нормален режин а ќе нема да може да се одвива сообраќајот на ул.„Перо Чичо“ на потег од крстосница со ул.„Кирил и Методиј“ до крстосница со ул.„Трета МУБ“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk