Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Приведено лице успејало да избега од возило на затворската полиција додека стоело на бензинската пумпа на автопатот, кај Романовце.
„При спровод на Р.Џ.(26) од Штип, лице лишено од слобода, од ОВР Неготино до Казнено – поправната установа Затвор Куманово, околу 19.45 часот, полициските службеници кои го спроведувале го запреле возилото на бензинска пумпа пред патарината во Куманово, по што Р.Џ. се дал во бегство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот“, соопшти МВР.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk