Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жител на селото Старо Нагоричане, кој отслужувал казна во затворот Кшање, бил пронајден мртов.
Во Полициска станица во Крива Паланка, ноќеска во 2.45 часот, било пријавено дека во затворот „Кшање", во отвореното одделение, бил пронајден починат затвореникот.
Станува збор за М.Ј.(58) од кумановското село Старо Нагоричане.
„Телото на починатиот е предадено на обдукција по насока на Јавен обвинител и случајот ќе биде истражен“, велат од МВР.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk