Затвореник се обидел да се самоубие во Кшање

30.03.2018 18:17 | KumanovoNews

Затвореник од Казнено-поправната установа-затвор Куманово се обидел да се самоубие нанесувајќи си убодна рана во пределот на стомакот и на вратот.

Затвореник се обидел да се самоубие во Кшање

 Вчера во 16,30 часот А.И. (22) од Свети Николе, се обидел да си го одзеде животот во тоалетот зад кујната на затворот, откако со нож се пробол во пределот на стомакот и си го пресекол вратот од левата страна.

Повреденото момче било пронајдено облеано со крв и со возило на Брза помош било пренесено во Кумановската болница.

 Итно бил префрлен во одделението за трауматологија во комплексот Клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде бил задржан на понатамошно лекување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk